Вештачката интелигенција ќе им помогне на контролорите на летање да донесуваат подобри одлуки, но нема да ги замени, ова е изјавта на американскиот министер за транспорт Шон Дафи претставувајки нов систем за управување со воздушниот простор.
Системот SMART или Стратешко управување со воздушните рути и траектории на Федералната администрација за воздухопловство анализирал околу 200 точки на податоци, вклучувајќи ги времето, патеките на летот, пристигнувањата и заминувањата.
Овој систем користи податоци во реално време и предвидливи податоци за да идентификува потенцијални проблеми и да препорача мерки на човечките контролори.
–Ова е поглед во живо на американскиот воздушен простор. Авиони, временска прогноза низ целиот систем, па ги земаме податоците за времето, ја земаме и патеката на летот. Значи, нашата сина боја се заминувањата. И ако сте виделе магента или розова, има проблем за тој лет. Но, сите овие податоци се важни за нас бидејќи можеме да користиме предвидливи податоци за да видиме каде одат летовите, но и каде ќе биде времето во иднина, изјави Шон Дафи, министер за транспорт на САД.
Според најавите применувањето на вештачката интелегенција во оваа област не значи и замена, односно контролорите ќе ја задржат власта над воздушниот простор на САД, а технологијата ќе служи како алатка за предвидување за обезбедување подобри информации и подобрување на донесувањето одлуки.
Сакам да бидам навистина јасен. Имаше многу разговори за вештачката интелигенција и кој го контролира воздушниот простор. Ова е алатка за предвидување што ќе му даде поттик на лицето, на некој што го управува воздушниот простор. Но, секогаш ќе биде човек тој што го управува воздушниот простор во Америка. Значи, оваа алатка нема да го управува воздушниот простор, но ни дава подобри информации, подобри податоци за управување со просторот во име на американскиот народ, вели Дафи.
Системот е најнапредна технологија за управување со воздушниот сообраќај во светот и го означува едногодишниот напор на Министерството за транспорт и ФАА за модернизирање на начинот на управување со воздушниот простор на земјата.
Сакам повторно да бидам јасен, ова не е распоредено никаде во светот. Америка беше првата во лет. Ние сме тие што му помогнаа на светот да воспостави контрола на воздушниот сообраќај и повторно го предводиме светот во новата технологија за да им донесеме поголема ефикасност и подобро искуство на американскиот народ. исткнува Дафи.
Светот ја користи вештачката интелигенција со историски најбрзо темпо на ширење, при што околу 18% од работоспособното население во светот и речиси 90% од поголемите компании редовно користат барем една ВИ алатка или функција во своето работење.
Кристина Кузмановски












