Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вашингтон негира какво било масовно повлекување на американски сили од Европа

/

Свет

Сподели преку :

Американскиот амбасадор во НАТО, Метју Витакер негира наводи за масовно повлекување на 25.000 до 40.000 војници од Европа.

„Таквите информации се лажни“, рече Витакер на конференцијата за одбрана организирана од мрежата Euronews во Брисел, додавајќи дека „планот на Пентагон сè уште не е финализиран“.

Американската телевизиска мрежа „Ен-Би-Си“, повикувајќи се на неименувани американски претставници, објави кон средината на септември дека Вашингтон има намера да повлече до 40.000 војници од Европа. Вашингтон спроведува преглед на своето воено присуство за да се осигури дека НАТО се движи брзо и неповратно кон Европа, преземајќи ја примарната одговорност за својата конвенционална одбрана, јави медиумот.

Викатер денеска се обиде да ги увери европските сојузници.

„Постојано изјавуваме дека ќе останеме посветени на Европа“, рече тој.