Американскиот носач на авиони „Џорџ Вашингтон“ се упатува кон Блискиот Исток, во момент кога се појавија информации за проблеми со менталната состојба, снабдувањето и долгото распоредување на носачот „Абрахам Линколн“.
„Линколн“ е ангажиран во поддршка на американските операции против Иран и досега поминал повеќе од 260 дена непрекинато на море.
Неколку демократски конгресмени побараа одговорност од Пентагон поради условите на бродот, додека секретарот за одбрана Пит Хегсет ги отфрли наводите како погрешно претставени.
„Џорџ Вашингтон“ минатата недела го напуштил Да Нанг во Виетнам, а потоа бил забележан со крстосувач и разурнувач при минување низ Сингапурскиот и Малачкиот Проток.
Според извештаите, носачот треба да го замени „Линколн“ како еден од двата американски носачи распоредени на Блискиот Исток.
Неговото префрлање би значело дека Пацификот извесен период ќе остане без американски носач на авиони.
Меѓувреме, американската морнарица повторно воведе блокада на иранските пристаништа во стратешкиот Ормуски Теснец.












