Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Украина отвори уште два преговарачки кластера за членство во ЕУ

/

Свет

Сподели преку :

Украина на денешната меѓувладина конференција во Луксембург отвори уште два преговарачки кластера, со што направи нов чекор кон членство во Европската Унија.

Станува збор за кластерите кои се донесуваат на внатрешниот пазар и на конкурентност. Тоа се два најобемни преговарачки кластера според бројот на подрачја што ги опфаќаат, а се отворени по повлекувањето на ветото на Унгарија. Со денешните два преговарачки кластера, Украина сега има отворено четири од вкупно шесте во процесот за пристапување во ЕУ.

Отворањето на новите кластери ѝ овозможува на Украина да ги продолжи преговорите за усогласување на националното законодавство со правилата на ЕУ. Но, тоа не значи дека земјата веќе ги исполнила сите услови за членство.