Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тужба за администрацијата на Трамп од 25 американски држави поради царините

/

Свет

Сподели преку :

Група од 25 американски сојузни држави вчера поднесоа тужба против администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп поради царините воведени за 60 трговски партнери.

САД неодамна воведоа 10 и 12,5 процентни царини на увозот од 60 трговски партнери, обвинувајќи ги дека не вовеле и ефикасно не спроведуваат забрани за увоз на производи изработени со принудна работа.

Подносителите на тужбата, инаку држави предводени воглавно од претставници на Демократската партија, побараа од Судот за меѓународна трговија на САД да ги стопира царините, истите да ги прогласи за незаконски и да нареди враќање на веќе платените давачки.

Јавната обвинителка на Њујорк, Летиција Џејмс, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп нема овластување да воведува сеопфатни царини.

  • „Откако загуби пред Врховниот суд, федералната администрација повторно се обидува да ги зголеми даноците за семејствата и бизнисите со уште една рунда незаконски царини“, напиша таа на платформата „Икс“.

Јавниот обвинител на Орегон, Ден Рејфилд, предупреди дека царините ќе ги зголемат трошоците за основни производи во земјата, како што се облеката и електрониката.

  • „Повторно, претседателот ги зголемува трошоците за секојдневните производи за семејствата и малите бизниси во Орегон, а ние повторно предводиме коалиција од повеќе држави што се обидува да го спречи тоа“, напиша тој.

Од почетокот на својот втор мандат во јануари 2025 година, Трамп без одобрение на Конгресот воведе увозни давачки за стоки од десетици трговски партнери.

Во февруари, Врховниот суд го спречи Трамп да воведува царини со извршна наредба.

Сепак, администрацијата на Трамп искористи одредба од трговскиот закон од 1974 година што дозволува воведување царини за справување со „нефер странски практики“ што влијаат врз американската трговија.

Финска и Данска го поддржаа потегот на Италија, додека чешкиот премиер Андреј Бабиш побара привремено суспендирање на членството на Шпанија во Шенген зоната.

Како одговор, Санчез рече дека има „сериозни загрижености“ во врска со некои европски влади и истакна дека Сеута не е дел од Шенген зоната.

Иако повеќето покажаа „поддршка и солидарност“, тој рече дека другите европски влади одлучиле да ја нападнат Шпанија, „водени од предрасуди, лажни вести, незнаење или политички интерес“.

Б.С.