Три години по почетокот на војната, најголем дел од околу два милиони жители на Газа и натаму се раселени, а многумина живеат во шатори меѓу урнатините.
Иако прекинот на огнот ги намали најинтензивните борби, според извештајот на Асошиејтед прес, израелските напади продолжуваат речиси секојдневно.
Министерството за здравство во Газа известува за повеќе од 74.000 загинати Палестинци од почетокот на војната.
Жителите на Газа сведочат за повторени раселувања, уништени домови, загуба на членови на семејствата и прекин на образованието и работата.
Во градот Газа, многу населби се претворени во урнатини, а дел од луѓето се принудени да живеат во тешко оштетени куќи без соодветни услови.
Раселените лица велат дека се соочуваат со недостиг од храна, вода и безбедно засолниште… По три години војна, нивните очекувања се сведуваат на основни потреби – безбедност, дом и мир.
Жителите велат дека секојдневно живеат со страв од нови напади и неизвесност за иднината… За многумина, враќањето на нормалниот живот значи повторно градење на домовите, училиштата, работните места и заедниците што во голем дел се уништени.












