Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп за Хамнеи: Не мислам дека е мртов, туку дека е тешко ранет

/

Свет

Сподели преку :

Не мислам дека иранскиот Врховен лидер Моџтаба Хамнеи е мртов, мислам дека е тешко ранет, рече американскиот претседател Доналд Трамп во емисијата на конзервативниот политички коментатор Глен Бек.

Моџтаба Хаменеи, син и наследник на иранскиот врховен лидер Али Хаменеи, ја презеде функцијата по смртта на својот татко, кој загина во првиот ден од војната што почна на 28 февруари по израелско-американските напади врз Иран.

Според иранските власти, тој бил ранет за време на истата офанзива во која загинаа и низа други високи претставници на иранското раководство. Откако беше именуван за врховен лидер, Моџтаба Хаменеи сè уште немал јавни настапи, а неговите ставови се објавуваат единствено преку пишани официјални соопштенија.