Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп: Време е Украина и Русија да постигнат договор за мир

/

Свет

Сподели преку :

Aмериканскиот претседател Доналд Трамп повторно го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски да постигне договор со Русија за завршување на војната.

Обраќајќи им се на новинарите во Белата куќа, Трамп изјави дека Москва сака да се постигне договор, предупредувајќи дека руските сили продолжуваат да напредуваат и да заземаат украинска територија.

Трамп истакна дека САД и европските земји потрошиле огромни средства за поддршка на Украина, оценувајќи дека американските даночни обврзници се уморни од војната.

Тој предупреди дека ситуацијата за Киев може дополнително да се влоши доколку не се постигне договор и оцени дека Зеленски имал можност да прифати поповолен договор пред две години.