Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп: Наскоро бродовите непречено ќе сообраќаат

/

Свет

Сподели преку :

Американскиот претседател Доналд Трамп на прашањето на новинарите за Ормутскиот теснец со позитивна прогноза дека преговорите течат добро иако иранската страна тоа не го потврдува. Тој вели дека наскоро бродовите непречено ќе сообраќаат.

 – Би можело да се случи. Утре или задутре, утре или задутре. Направен е голем напредок. И ми се јавија и рекоа: ‘Ве молиме, ајде да разговараме’. Тие сакаат да разговараат. Смешното е што тие никогаш не го спомнуваат тоа, секогаш велат ‘не разговараме’, но се јавија, сакаат да разговараат, разговаравме. Тие сакаат да направат договор, не сакаат да бидат погодени. Ова беше најголемиот удар од Втората светска војна, како што реков. Тие не.и видоа како се случува. Ги видоа сите стоки како се товарат, видоа сè, знаеја точно што се случува. И мислам дека би биле многу паметни ако направат договор. Ќе видиме што ќе се случи. Имаа многу добар ден. Преговорите беа добри. Ни оди навистина добро, вели Трамп.