Американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со новинарите во авионот „Ер Форс 1“, при што накратко се осврна на Кина и на вештачката интелигенција.
За Канада рече дека е земја со која е „многу тешко“ да се соработува.
Трамп изјави дека смета оти кинескиот претседател Си Ѓинпинг се „однесувал сосема разумно“.
„Ќе го кажам ова: мислам дека тој (кинескиот претседател Си Ѓинпинг) се однесуваше сосема коректно, а и ние се однесувавме сосема коректно. Знаете, кога велат дека Кина нè шпионира, јас велам: „Во право сте, но и ние ги шпионираме нив – знаете, и ние ги шпионираме нив“, изјави Трамп.












