Американскиот претседател Доналд Трамп преку својот профил на „Trut Social“ објави мапа со Ормускиот Теснец над кој има натпис „Нова територија на САД“. Ормускиот Теснец е прикажан во голем син круг, а морскиот пат е опишан како „нова територија на САД.
Ормускиот Теснец се наоѓа во територијалните води на Иран и Оман. Трамп првпат ја изнесе идејата за анексија на Теснецот на настан во петокот, велејќи им на присутните дека „наскоро“ ќе го прогласи морскиот пат за територија на САД.












