Американскиот претседател Доналд Трамп ја брани одлуката да го одложи воведувањето нови санкции против Русија, наведувајќи дека тоа помогнало во ослободувањето на американскиот државјанин Стивен Хабард, кој повеќе од четири години бил затворен во Русија.
Трамп изјави дека воведувањето санкции за време на преговорите можело да го загрози неговото ослободување и додаде дека Вашингтон е „можеби блиску до договор“ за завршување на војната во Украина.
Одговарајќи на новинарски прашања пред заминувањето за Јужна Каролина, Трамп оцени дека не е разумно да се воведуваат нови ограничувања кога се водат чувствителни дипломатски разговори.
Тој ги отфрли критиките за одложувањето на пакетот санкции, кој требаше да изврши дополнителен притисок врз руската економија, и тврдеше дека таквата одлука била неопходна за да се постигне напредок во преговорите со рускиот претседател.












