Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп: Гласањето во САД е корумпирано

/

Свет

Сподели преку :

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека гласањето во САД е корумпирано, особено кога брзината на утврдување на резултатите се споредува со Бразил.

-Во првиот круг од претседателските избори во Бразил гласаа 125 милиони граѓани. Резултатите беа објавени кратко по затворањето на гласачките места – на истиот ден! Во Детроит, Филаделфија, Калифорнија и бројни други американски градови и федерални држави, за да се утврдат резултатите, со значително помал број гласови, честопати се потребни недели за да се „поправат“, односно да се пресметаат. Гласањето во Америка е корумпирано, напиша Трамп во објава на социјалната мрежа Truth.

Болсонаро е во втор круг од претседателските избори во Бразил

Поддржувачите на сенаторот Флавио Болсонаро славеа низ Бразил доцна синоќа, откако конзервативниот кандидат обезбеди место во решавачкиот круг од претседателските избори против актуелниот претседател Луиз Инасио Лула да Силва, по неизвесниот прв круг на гласање. Според податоците на Изборната комисија, Болсонаро освои нешто повеќе од 56 милиони гласови, а Лула 53,7 милиони, при преброени 99,8%… Продолжи со читање

telma.com.mk