Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тинејџер во САД е осуден на 100 години затвор за убиство на жена во Индијана

/

Свет

Сподели преку :

Тинејџерот Џо”Маџе Лари (15) од американската сојузна држава Индијана е осуден на 100 години затвор поради убиство на Делва Свејн во пукање поврзано со криминална банда.

Лари во јуни беше прогласен за виновен за убиството што се случи во февруари минатата година пред ноќен клуб во градот Андерсон, пренесува „Еј-Би-Си њуз“.

Обвинителството наведе дека пукањето било последица на неуспешен обид за убиство на сведок за друго злосторство. Свејн, која не била планирана мета, е убиена за време на нападот во кој биле повредени две други лица.

Лари беше еден од четворицата осомничени членови на бандата „Мики Кобра Нејшн“ кои беа обвинети во случајот. Судот му одреди 50 години затвор за убиството и уште 50 за членство во криминална организација.

Деветнаесетгодишниот Рашонм Семјуелс е осуден на 125 години, додека уште еден од обвинетите претходно доби 90 години затвор.