Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Судот во Софија го ослободи припадникот на обезбедувањето на претседателката на Собранието, кој турна новинарка

/

Свет

Сподели преку :

Воениот суд во Софија го ослободи Мартин Варадинов, припадник на бугарската Служба за национална безбедност, кој ја турна новинарката Соња Колтуклиева додека таа се обидуваше да земе изјава од претседателката на бугарскиот парламент, Михаела Доцова. Судот оценил дека во случајот не е утврдено кривично дело.

Адвокатот на Варадинов, Тервел Георгиев, изјави дека неговиот клиент постапил согласно законот, затворајќи ја вратата од автомобилот пред колоната возила да замине.

„Во оваа ситуација, мојот клиент направи точно она што го налага законот. Тој ја затвори вратата од автомобилот, по што колоната замина. Во овој конкретен случај, од вработените во Службата за национална безбедност не може да се бара одговорност, бидејќи не било јасно дека станува збор за новинарка. Таа нема микрофон, нема камера, туку држи телефон“, изјави Георгиев.

По инцидентот, Колтуклиева била пренесена во болница со потрес на мозокот и повреда на раката.

Синдикатот на бугарските новинари го осуди инцидентот, оценувајќи го како скандалозен, и повика на законски измени за подобра заштита на новинарите, нивната работа и слободата на говорот. Од Синдикатот посочија и дека никој од придружбата на претседателката на парламентот не ѝ помогнал на повредената новинарка. Според нивните наводи, инцидентот се случил кога Колтуклиева, новинарка на агенцијата ПИК, ја отворила вратата од автомобилот на претседателката на Народното собрание, Михаела Доцова, во обид да ја интервјуира. Со ова биле прекршени безбедносните правила, но оценува дека реакцијата на обезбедувањето била прекумерна.