Стотици левичарски каталонски сепаратистички демонстранти се судрија со полицијата во Барселона во текот на ноќта, за време на одбележувањето на националниот ден на Каталонија.

Полицијата интервенирала со специјални возила за разбивање на демонстрациите, откако дел од учесниците фрлале предмети кон полициските возила.
Во текот на протестите била запалена и канта за отпад, а низ улиците се слушале сирени.

До инцидентите дошло по претходен собир на помала група десничарски демонстранти кои го поддржуваат единството на Шпанија.

Националниот ден на Каталонија годинава се одбележува во услови на длабоки поделби меѓу различните струи на каталонското сепаратистичко движење.












