Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Студентите во Србија влегуваат во изборната трка

/

Свет

Сподели преку :

Студентското движење во Србија, кое речиси две години предводи антивладини протести и официјално ја поднесе својата изборна листа за предвремените парламентарни избори на 25 октомври.

Илјадници граѓани маршираа низ Белград во знак на поддршка за студентите, кои настапуваат со листата „Студентска листа – Студентите победуваат“.

Протестите започнаа по трагедијата во Нови Сад на 1 ноември 2024 година, кога при уривање на бетонска настрешница на железничка станица загинаа 16 луѓе.

Студентите бараат одговорност за несреќата и тврдат дека корупцијата и пропустите при реконструкцијата придонеле за трагедијата… Изборите се сметаат за голем тест за претседателот Александар Вучиќ, кој повеќе од една деценија доминира со политичката сцена во Србија.

Студентската листа ја сочинуваат претежно универзитетски професори, наставници, експерти, поранешни спортисти и други јавни личности, додека Вучиќ најави дека би можел да се повлече од претседателската функција и да ја предводи кампањата на својата партија, со цел да стане премиер доколку таа победи.