Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Стармер со осуда за терористичкиот напад во синагога во Манчестер

/

Свет

Сподели преку :

Британскиот премиер Кир Стармер го осуди терористичкиот напад врз синагога во Манчестер, при што загинаа две лица, а четворица беа тешко повредени на најсветиот еврејски празник — Јом Кипур.

Напаѓачот удрил со автомобил во верници пред синагогата, по што започнал да ги напаѓа со нож.

Нападот е прогласен за терористички акт од страна на британските власти. Напаѓачот, 35-годишен британски државјанин со сириско потекло, бил убиен од полицијата откако се посомневале дека носи експлозив.

Според полицијата, тој не бил на списокот на лица под надзор за ризик од радикализација.

Дополнително, три други лица се уапсени под сомнение за поврзаност со тероризам.

Премиерот Стармер најави зголемени безбедносни мерки за еврејските заедници во Британија и повика на национално единство против растечкиот антисемитизам.

Тој истакна дека Велика Британија ќе покаже „сочувство, достоинство и љубов“, и најави поголемо полициско присуство пред синагогите и еврејските објекти.

(фото)Двајца убиени, тројца во сериозна состојба- напад на синагога во Манчестер на најсветиот ден

Двајца убиени, тројца во сериозна здравствена состојба ова е епилогот на инцидентот кој што се случи на најсветиот ден на еврејскиот верски календар. Напаѓач со автомобил влeта во група луѓе пред синагога во северна Англија, а потоа почнал да ги напаѓа луѓето нанесувајќи им убоди со нож. Полицијата го застрелала и го уби осомничениот, соопшти… Продолжи со читање

telma.com.mk