Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Стапува на сила забраната на САД за увоз од Канада

/

Свет

Сподели преку :

САД од денеска официјално ја применуваат забраната за увоз на канадска стока во вредност од околу една милијарда долари.

Мерката, потпишана со извршна наредба од претседателот Доналд Трамп, опфаќа алкохолни пијалаци, млечни производи и моторни возила.

Американскиот трговски претставник Џејмисон Грир изјави дека мерката е одговор на, како што наведе, дискриминаторскиот однос на Канада кон клучниот американски извоз.

Иако вредноста на опфатената стока е релативно мала во однос на вкупната годишна трговска размена меѓу двете земји од околу 880 милијарди долари, потегот претставува ново заострување на трговскиот спор.

Мерката следува по воведувањето американски царини од 50 отсто за одредени канадски производи, кои стапија во сила на 22 август.

Канада возврати со царини од 15, 25 и 50 отсто за одредени американски производи, што стапија во сила на 8 септември.