Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Средношколец уби четири лица во училиште – пукање на Филипини

/

Свет

Сподели преку :

Најмалку четири лица загинаа, а девет се повредени во пукање во средно училиште во градот Замбоанга на југот на Филипини. И наводниот напаѓач е меѓу убиените, објави локалниот „Манила Тајмс“. Нападот, според полициски извори, се случил непосредно пред почетокот на наставата.

Двајца студенти и двајца членови на обезбедувањето се убиени во нападот, соопшти Националната истражна канцеларија. Идентитетите на жртвите сè уште не се објавени, а убиецот е идентификуван како ученик во четврта година во средното училиште.

Властите соопштија дека осомничениот донел пиштол и пушка во кампусот и отворил оган во училница „без очигледна провокација“. Во тек е истрага за причините за нападот.

Фото: youtube/printscreen