Рускиот претседател Владимир Путин во Аваза се сретна со Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан.
Путин го увери својот ирански колега дека Русија е „подготвена да стори сè што е во нејзина моќ за да помогне“, осврнувајќи се на конфликтот на Блискиот Исток.
Пезешкијан пак, осврнувајќи се на тековните преговори, го изрази своето незадоволство од американската страна.
-Се разбира, најактуелното прашање денес е ситуацијата во регионот. Знаеме дека Иран вложува искрени напори за решавање на конфликтот што изби во регионот – конфликт што не настана по вина на Иран и дека повторно излезе со нови предлози за решавање на состојбата по мирен пат. Вие ја знаете нашата позиција, господине претседателе, и ние сме подготвени да сториме сè што е во наша моќ за да Ви помогнеме во решавањето на оваа ситуација, изјави Путин.
-Се обидуваме да го придвижиме процесот напред. Водиме разговор секојпат кога сме преговарале со нив (САД), тие повторно нè напаѓале. Сепак, нема да ја напуштиме преговарачкат а маса, а сега сме во фаза на финализирање – ние изнесовме одредени предлози, Американците дадоа нови предлози, а ние направивме одредени прилагодувања штом тоа се заврши, ќе можем е да седнеме со посредниците и да ги финализираме овие предлози, изјави Пезешкијан.












