Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Смртна казна за соборениот сириски претседател Башар ал-Асад, кој побегна во Русија

/

Свет

Сподели преку :

Сириски суд во вторник го осуди во отсуство соборениот сириски претседател Башар ал-Асад, заедно со неговиот помлад брат, на смрт за злосторства против човештвото и воени злосторства за време на 14-годишниот конфликт во Сирија, во кој загинаа околу половина милион луѓе.

Во истиот случај, на смрт беше осуден и братучедот на Асад по мајчина линија, Атеф Наџиб, за водење на репресијата во јужната покраина Дара, што доведе до востанието, а подоцна и до граѓанската војна, објави Си-Ен-Ен.

Под силно обезбедување, Наџиб е чуван во кафез облечен во униформа на затвореник додека судијата ја читаше пресудата.

Асад и неговиот брат Махер избегаа во Русија откако бунтовниците влегоа во Дамаск во декември 2024 година.

Наџиб подоцна беше приведен и стана еден од највисоко рангираните функционери на кои им се судеше.

Наџиб е поранешен бригаден генерал на сириската армија, кој беше началник на Одделот за политичка безбедност во јужната сириска покраина Дара под Асад во 2011 година.