Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СМО: Многу фактори придонесуваат за топлотните бранови

/

Свет

Сподели преку :

Светската метеоролошка организација (СМО) во својот последен извештај наведе повеќе фактори за исклучително жешкото лето што го преживува Западна Европа, меѓу кои се затоплувањето на водите во Медитеранот и источниот дел на Атлантскиот океан, како значително помалата количина врнежи, која годинава го карактеризира Стариот континент.

Топлотните бранови годинава во Европа започнаа уште во мај и наголемо придонесоа за рекордно високите температури, илјадниците смртни случаи поврзани со топлото време, но и сушата која го зафати целиот континент и избивањето на големи шумски пожари, посебно во Франција и Германија.

Во исто време, Европа бележи рекордно ниски водостои на своите најголеми реки, што исклучително многу влијае врз водните резерви на континентот. Светската метеоролошка организација засега ја вброи 2026-та како третата најтопла година, зад 2024 и 2025 година.