Колумбискиот претседател Абелардо де ла Есприела ги прогласи сите нелегални вооружени и криминални организации што дејствуваат во земјата за терористички групи, со што најави драстично заострување на безбедносната политика на неговата влада по само неколку недели од преземање на функцијата, објавија денеска локалните медиуми.
Обраќајќи се пред учесниците на состанокот на советот за безбедност во Баранкила, претседателот Де ла Есприела рече дека неговата влада ќе престане да прави разлика помеѓу криминалните организации вклучени во трговијата со дрога, нелегалното рударство, изнудата, шверцот и другите нелегални активности.
„Мораме да престанеме да се однесуваме кон овие криминалци на различни начини“, рече тој, додавајќи дека сите тие мора да се третираат под една етикета – како терористички групи.
Фото: youtube/printscreen












