Шпанија испрати воени сили за засилување на безбедноста во северноафриканската енклава Сеута, откако илјадници мигранти од Мароко се обидоа да влезат на шпанска територија, дел од нив препливувајќи ја морската граница.

поред достапните информации, најмалку 15 лица загинале при обидот да стигнат до Сеута.
Шпанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека војската ќе ѝ помогне на Цивилната гарда во одржувањето на јавниот ред и безбедноста.

Локалните власти предупредија дека прифатните центри се преоптоварени, а премиерот Педро Санчез најави посета на Сеута и вети брзо стабилизирање на состојбата.
Масовниот прилив предизвика и политички реакции во Европа.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони најави дека разгледува вонредни мерки, вклучително и можност за суспензија на Шенгенскиот режим со Шпанија, додека Мадрид ги отфрли таквите изјави како политизација на миграциската криза и повика на европска солидарност.
INSANE FOOTAGE: Thousands of migrants continue crossing from Morocco into Spain’s Ceuta enclave, as local officials reportedly urge Madrid to declare a national emergency. pic.twitter.com/dlbbKOjBV1
— Breaking911 (@Breaking911) July 30, 2026












