За денеска попладне е закажан собир на „Чуварите на татковината“ кај Споменикот на Вук во Белград, а студентски предизборни собири има и во Зајечар и Кикинда, каде пристигнаа и велосипедисти и тркачи кои ја поддржуваат Студентската листа, објави N1.
Главни теми на собирите се заштитата на земјиштето, образованието и статусот на руралните средини.
„Ќе зборуваме за тоа како можеме да ги заштитиме земјиштето и образованието, како и за тоа какво образование им оставаме на идните генерации. Исто така, ќе прашаме зошто претставува проблем сите студенти да добијат бесплатни учебници. Земјоделството ќе биде уште една тема – за која ќе говори еден од професорите – бидејќи нашите села се на работ на опстанок“, рече Дејан, студент на Земјоделскиот факултет.












