Демократите во Сенатот го блокираа законскиот предлог за воспоставување нова регулаторна рамка за криптовалутите, со што го закочија иницираниот од индустријата обид за воведување нови заштитни механизми за дигиталните средства, откако претходно побараа построги ограничувања за инвестициите на претседателот Доналд Трамп.
- Трамп веќе заработи 1,4 милијарди долари само во 2025 година како крипто-шпекулант, а предлог-законот за кој републиканците сакаат да гласаат денес би му овозможил непречено да продолжи да трупа пари. Не се проблематични само одредбите поврзани со етиката овој закон би им го олеснил купувањето и продавањето оружје, како и поткупувањето владини службеници, на терористичките организации нарко-картелите и одметнатите држави – и сето тоа со користење криптовалути, кажа демократот Елизабет Ворен.












