Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Самитот во Брисел ги откри поделбите меѓу земјите-членки – Франција, Италија и Белгија се противат на поголеми давачки

/

Свет

Сподели преку :

Лидерите на Европската унија го завршија првиот ден од дводневниот самит на Европскиот совет во Брисел, по што денеска се очекува да продолжи.

На дводневниот самит, се очекува шефовите на држави да разговараат за неколку предизвици, како што се растечкиот конфликт во Украина, ограничувањето на кинескиот увоз, зајакнувањето на граничните сили на еу и жестоките преговори за буџетот.

Предложената повеќегодишна финансиска рамка ги откри поделбите меѓу земјите-членки околу големината на буџетот, како треба да се финансира и како треба да се делат средствата меѓу приоритетите, вклучувајќи ги земјоделството, регионалниот развој и безбедноста.

Буџетот на ЕУ, познат како повеќегодишна финансиска рамка, изнесува околу 1,2 % од бруто-националниот доход на блокот составен од 27 земји.

Тој се финансира главно од земјите членки, врз основа на големината на нивните економии.

Франција, Италија и Белгија се длабоко задолжени држави и се противат на плаќање поголеми суми. Како блок, ЕУ нема овластување да воведува сопствени даноци, но остварува приходи од извори како што се царинските давачки и данокот на додадена вредност.