Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

САД воведоа санкции против претседателката на Меѓународниот кривичен суд

/

Свет

Сподели преку :

Соединетите Американски Држави воведоа санкции за јапонската судијка и претседателка на Меѓународниот кривичен суд (МКС), Томоко Акане, е објавено на веб-страницата на Министерството за финансии на САД.

Потегот на Вашингтон претставува најнова ескалација во кампањата на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп против МКС со седиште во Хаг, основан од меѓународната заедница во 2002 година за гонење на воени злосторства, геноцид и злосторства против човештвото.

Иако САД не се членка на МКС, Вашингтон лани воведе санкции против неколку функционери на судот, вклучувајќи обвинители и судии, повикувајќи се на налозите за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот израелски министер за одбрана Јоав Галант, како и претходната истрага за американски војници во Авганистан.