Најмалку две лица загинаа откако руски дрон нападна патнички воз во областа на Одеска, соопшти директорот на Украинските железници, Олександр Перцовски.
Според него, загинатите се машиновозачот на возот и неговиот помошник.

По нападот, најмалку 317 патници, меѓу кои 67 деца, биле евакуирани на безбедно, соопшти Државната служба за вонредни ситуации на Украина.

За транспорт на евакуираните патници до Одеса биле организирани автобуси. Засега нема дополнителни информации за околностите и последиците од нападот.












