Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Русија продолжи со напади врз енергетски објекти во Украина

/

Свет

Сподели преку :

Русија погодила шест енергетски објекти во Украина само неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Москва и Киев се согласиле на примирје за нападите врз енергетската инфраструктура, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Во нападите биле повредени 33 лица, а оштетувањата предизвикале прекини во снабдувањето со електрична енергија во повеќе региони, меѓу кои Харков, Доњецк и Запорожје.

Во одделен напад со дрон врз станбена зграда во Киев загинало едно лице, а 11 биле повредени.

Зеленски ја обвини Москва дека не е подготвена да го почитува примирјето, додека Кремљ засега не потврдил официјално дека е постигнат таков договор.

Меѓувреме, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров оцени дека Украина не заслужува здивот што би го донело примирјето.

Најавата на Трамп предизвика поделени реакции кај европските сојузници, кои ја поддржаа идејата за прекин на нападите врз енергетските капацитети, но изразија сомнеж дека Русија ќе ја почитува.