Во Киев со месеци владееше мир, но денеска тоа се прекина.
Новинарите од странските агенции информираат дека утринава одекнале неколку силни детонации во центарот на Киев, а локалните жители преку социјалните медиуми јавуваат дека експолозиите се уште траат.
Новинарите на АП кои ги слушнале детонациите известуваат дека изгледало како да се предизвикани од ракетни напади.
Сирените за воздушен напад се огласиле неколку десетици минути пред детонациите, а се слушнале и пред околу половина час.
Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко извести дека имало експлозии во областа Севченко во центарот на Киев, која го опфаќа историскиот стар град, како и неколку владини згради.
Полицијата соопшти дека има најмалку 5 загинати и над 10 повредени. Запалени се и автомобили. Жртвите биле во нападнатите реони на Киев каде оделе или се возеле со автомобил.
Украина се наоѓа под ракетен напад, има информации за многу напади во градови во земјата, изјави утринава заменик шефот на кабинетот на украинскиот претседател Кирило Тимошенко. Тој наведе дека во нападите има повредени цивили.
Експлозии се слушнале во Лвов, Тернопил и Дњепар.
Градоначалникот на Лвов, Андриј Садовји, на Телеграм објави дека училиштата денеска ќе бидат затворени, а наставата ќе се одржува од далечина. Тој рече и дека има привремени прекини во мобилните комуникации.












