Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Путин во посета на Курилскиот остров Итуруп, Јапонија остро протестира

/

Свет

Сподели преку :

Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот го посети островот Итуруп, дел од Курилските Острови под руска контрола, но и територија на која право полага Јапонија.

Путин на островот посети фабрика за преработка на риба, болница и училиште, а разговараше и со локалните жители и гувернерот на Сахалинската област, Валери Лимаренко.

Јапонија веднаш протестираше поради посетата. Јапонскиот министер за надворешни работи Тошимицу Мотеги изјави дека Токио „најостро протестира“ и повтори дека Итуруп, кој Јапонија го нарекува Еторофу, е нејзина „неотуѓива територија“.

Територијалниот спор околу четирите јужни Курилски Острови трае од крајот на Втората светска војна, кога Советскиот Сојуз ги презеде од Јапонија.

Путин, пак, во средата изјави дека статусот на Курилските Острови е утврден со меѓународни документи како последица од Втората светска војна.

Сепак, тој порача дека Москва е подготвена да бара решение со Јапонија и да соработува со сите соседи во регионот. Москва и Токио со децении безуспешно се обидуваат да го решат спорот и да потпишат мировен договор.