Грчката крајбрежна служба го пронајде телото на германскиот турист кој исчезна по инцидент со едрилица во морскиот дел во близина на островот Сими. Со тоа е завршена повеќедневната спасувачка акција што започна во неделата попладне.
Според грчките власти, безживотното тело било пронајдено западно од островот Сими и идентификувано како осмиот патник од едрилицата на која се наоѓале вкупно осум германски туристи.
Инцидентот се случил откако едрилицата била забележана како неконтролирано плови.
Во спасувачката операција учествувале патролни пловила, брод за операции на отворено море и хеликоптер „Супер Пума“.
Претходно беа спасени останатите седум туристи, од кои дел сами успеале да стигнат до брегот, а останатите биле пронајдени од спасувачките екипи.












