Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Принцот Хари сака помирување со принцот Вилијам и кралот Чарлс

/

Свет

Сподели преку :

Во последното интервју, британскиот принц Хари изрази надеж за помирување со својот татко, кралот Чарлс Трети, и со остатокот од кралското семејство – со кои односите му се затегнати уште откако се пресели во Соединетите Американски Држави пред шест години.

 Принцот Хари, кој неодамна се врати во Обединетото Кралство со Меган и нивните две деца, во интервју за списанието „Џи-кју (GQ)“ изјави дека сака да ги поправи овие односи.

– Постојат несогласувања меѓу браќа и сестри, затегнати односи меѓу децата и родителите – или пак, меѓу децата и еден од нивните родители… Со оглед на сè што се случува во светот, помирувањето е најважната работа, рече тој.

Тој притоа додаде дека ја разбира фасцинацијата на јавноста од случувањата во кралското семејство, истакнувајќи дека многу луѓе можат да се пронајдат во тоа. Изрази и надеж дека неговите напори за помирување би можеле да ги инспирираат другите и евентуално да им помогнат во нивните односи.

 -Некои луѓе не сакаат овие проблеми да бидат решени, но јас сакам. Со сè што се случува во светот, помирувањето е најважното нешто. Тоа е клучот за сè. Некои рани секогаш ќе останат, но важно е како ги гледате и како се поврзувате со минатото. Мора да бидете во можност да го оставите зад себе. Би им го препорачал тоа на сите. Ако минатото ви тежи секој ден, тешко е да го оставите зад себе. Мислам дека веќе има премногу драма во светот и во животите на луѓето за да се држиме до семејните конфликти. изјави принцот.

Гласноговорникот на принцот Хари појасни дека зборот „такви“ не се однесува на принцот Вилијам или на кој било друг член на семејството.

Односите во британското кралско семејство се затегнати откако Хари и Меган се повлекоа од кралските должности во 2020 година. Принцот детално пишуваше за конфликтите со својот брат Вилијам и неговата сопруга Кејт во своите мемоари „Резерва“.