Хрватска и Црна Гора постигнаа голем напредок по прашањето за обештетување на затворениците во логорот Морињ, изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ од Црна Гора каде што учествува на самитот на Берлинскиот процес. Црна Гора е водечка меѓу сите земји-кандидатки во преговорите за членство во Европската Унија, но Хрватска нагласи дека очекува осум прашања да бидат решени пред да бидат завршени преговорите.
Два дена пред Самитот владата во Подгорица објави дека решила две од нив – одлучи да го промени името на базенот именуван по ватерполистот Зоран Џими Гопчевиќ, чувар во логорот Морињ обвинет за мачење на притворени хрватски цивили и воени затвореници, и одобри спомен-плоча поставена на ѕидот на влезот во објектот.
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и црногорскиот премиер Милојко Спајиќ разговараа повеќе од два часа а по средбата, Пленковиќ изјави дека не станува збор за билатерални прашање, туку за вредносни прашања што се однесуваат на клучните европски вредности и преговарачки поглавја.
Хрватска очекува Црна Гора да го реши прашањата за 14 исчезнати лица, понатамошно гонење на воените злосторства, враќање на бродот Јадран, обесштетување на хрватските семејства во Црна Гора кои беа жртви на експропријација и прашањето за демаркацијата.












