Најмалку пет лица загинаа, а десет се повредени во украински напад со дрон врз склад во близина на Москва, соопшти гувернерот на Московската област, Андреј Воробјов.
Нападот предизвикал голем пожар во индустриски објект во Новоселки, околу 70 километри јужно од Кремљ.
Според украинските медиуми, цел на нападот бил магацин поврзан со компанијата „Вајлдберис“, која Киев ја обвинува дека обезбедува логистичка поддршка за руската армија.
Москва ги негира овие тврдења. Во текот на ноќта биле погодени и складишта на компанијата во регионите Санкт Петербург и Твер.
Mеѓувреме, Русија продолжи со воздушни напади врз Украина. Во нападите врз Миколаев, Суми и други украински градови загинаа најмалку четири лица, меѓу кои и деца, а повеќе лица се повредени.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта пресретнало и уништило 320 украински дронови












