Пет лица се уапсени под сомнение дека подготвувале терористички напад врз или во близина на воздухоловната база Феирфорд во Обединетото Кралство, соопшти британската полиција. Лицата чиј идентитет, како ни националност британските власти не го откриваат, биле уаспени во селото Вилфорд, во чија непосредна близина се наоѓа воздухопловната база.
Вниманието на жителите во оваа тивка англиска рурална населба го привлекле три непознати бели комбиња кои се движеле низ селото речиси еден час по полноќ, поради што пријавиле во полиција.
Значи околу 12:45 часот денеска, недела 27 септември, полицијата беше повикана поради три сомнителни возила кои се движеле кон базата Феирфорд. Како последица, вооружена полиција уапси пет лица во близина на Вилфорд поради сомнеж за тероризам. Луѓето неа приведени и остануваат во притвор, информираше заменик командирот на полицијата во Глочестер, Ричард Окон.
Полицијата соопшти многу малку детали во врска со инцидентот, иако тој е главна вест не само на Британските острови, туку и во Европа.
Британските медиуми претпоставуваат дека во комбињата имало експлозив, затоа што по апсењето на петмината осомничени, полицијата се повлекла од возилата и беше донесен робот за деактивирање експлозиви.
Кон таквиот заклучок наведува и брзата евакуација на сите жители во Вилфорд, која полицијата се спроведе во текот на ноќта.
Службите за брзи интервенции имаат добро извежбани планови за справување со сериозни инциденти како овој. Работата за утврдување на сите околности во овој инцидент продолжува, додаде окон.
Воздухопловната воена база Феирфорд ја користи американското воено воздухопловство, и во првите недели на војната со Иран таа беше многу активна, затоа што од неа полетуваат стратешките бомбардери Б2 кои напаѓаа цели в Исламската Република.
Токму поради тоа дел од безбедносните експерти се сомневаат дека Техеран можеби има некаква поврзаност со инцидентот, затоа што претходно го обвини Обединетото Кралство дека со пружањето логистика на Соединетите Држави и Лондон е завојувана страна.
Втора опција е Русија, која подолг период го критикува Западот, а особено Велика Британија поради вооружувањето на Украина со ракети со долг дострел и согласноста тие да бидат користени за напади врз руска територија.
Официјалниот став на британските власти е дека, сепак, ова го третираат како терористички чин, и истрагата засега ќе се движи во таа насока.
Игор Трајков












