Петмина мажи се уапсени под сомнение за подготовка на терористички акт и прекршоци поврзани со експлозиви, откако три „сомнителни возила“ биле забележани во близина на британската воздухопловна база РАФ Ферфорд во Глостершир.
Полицијата прогласи голем инцидент и евакуираше десетици жители од околното село Велфорд.
На местото е распоредена единица за отстранување експлозивни направи на британската армија, а контратерористичката полиција ја води истрагата.
Околу локацијата е воспоставен безбедносен кордон од 400 метри, додека властите соопштија дека ситуацијата е под контрола и дека истрагата е во рана фаза.
РАФ Ферфорд се користи од американското воено воздухопловство, а американските и британските власти остануваат во контакт во врска со безбедносната ситуација.
Американското Министерство за одбрана во меѓувреме го подигна нивото на закана во базата РАФ Лејкенхит во Сафолк на второ највисоко ниво.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американските и британските власти „ги фатиле“ петтемина мажи уапсени во близина на британската воздухопловна база РАФ Ферфорд.
На прашање дали осомничените се мигранти и дали имаат врска со Иран, Трамп одговори дека за случајот „многу наскоро“ ќе бидат објавени повеќе информации.
Апсењата се случуваат во период на зголемено внимание кон заканите од странски држави кон Обединетото Кралство.
Британските власти претходно соопштија дека бројот на случаи поврзани со активности на непријателски држави, меѓу кои Иран, е зголемен.












