Москва го обвини Киев дека го прекршил енергетското примирје кое во текот на викендот го објави американскиот претседател Доналд Трамп. Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, рече дека и покрај договорот воопшто немало никаков прекин од украинската страна во бомбардирањето на руските рафинерии. Москва тврди дека Киев и Зеленски лично одбиваат да започне мировниот процес.
Песков ги отфрли критиките на европските држави за договорот за извоз на руска нафта кој го постигнаа Москва и Вашингтон, обвинувајќи ги дека се однесуваат како тие да војуваат со Русија.
Продолжуваме да го гледаме деструктивниот стан на европските држави. Наместо поздравување на овој договор, тие го подложија, особено претседателот Трамп и одлуките на американските преговарачи, на прилично жестоки критики. Во последно време, Европа навистина доследно постапува како завојувана страна, изјави песков.
Трамп не соопшти детали за примирјето, кои го објави преку социјалните мрежи во неделата. Украинскиот претседател Володимир Зеленски тогаш го поздрави примирјето како добра вест, но обвини дека Русија продолжија да ја бомбардира украинската енергетска инфраструктура поради што вчера дури 600.000 Украинци останаа без електрична енергија.












