Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Парламентарни избори во Русија од 18 до 20 септември

/

Свет

Сподели преку :

Русија ќе одржи тридневни парламентарни избори од 18 до 20 септември. Според светските медиуми, мнозинство од 450 пратеници во Државната дума ќе освои Единствена Русија на претседателот Владимир Путин. Путин, пак, не излегува како кандидат на изборите. Партиите кои ќе излезат на мегдан на Единствена Русија, како што тврдат светските медиуми, се под строга контрола на Кремљ.

Предводена од познати политичари, како шефот на дипломатијата Сергеј Лавров и градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, Единствена Русија има јасна цел – да го задржи двотретинското уставно мнозинство. На изборите истакнуваат и голем број на ветерани од војната во Украина.

Најголема опозициска партија која ќе учествува на изборите е Комунистичката партија на Русија, предводена од ветеранот на руската политика, Валериј Зјуганов. Иако во поедини региони се соочува со притисок од Кремљ, тие во целост ја поддржуваат надворешната и воена политика на земјата.

На изборите ќе учествува и Либерално-демократската партија на Русија која во минатото ја водеше Владимир Жириновски, а нејзин лидер сега е Леонид Слутски. Партијата делува како десна, ултрадесничарска опција која е целосно лојална на претседателот Путин.

Меѓу партиите кои ќе излезат на септемвриските избори е и Нови луѓе, млада партија на чело со Алексеј Нечаев. Партијата привлекува млади и деловни луѓе, но не ги доведува во прашање клучните одлуки на Кремљ.

Според Путин, претстојните парламентарни избори во неговатра земја ќе ја потврдат стабилноста на руската држава. Додаде дека изборите ќе бидат потврда и на „зрелоста“ на рускиот политички систем, како и на способноста на земјата да се спротивстави на „било какви надворешни закани“.

Изборите ќе се спроведат во три дена, со широка употреба на електронското гласање.

Централната изборна комисија го заклучи избирачкиот список кој заклучно со 1 јули има повеќе од 111 милиони гласачи, додека надвор од земјата се наоѓаат над 1,8 милиони луѓе. За руските државјани кои живеат и престојуваат во странство ќе бидат отворени 312 избирачки места во 152 држави.