Папата Лео денеска е опериран при што му беше отстранет мал израсток на едното белодробно крило. Операцијата помина добро и според однапред утврден план, објави Ватикан.
Ова е првиот сериозен здравствен проблем на папата во 17-те месеци од неговиот понтификат.
Папата Лео (71), беше подложен на процедура во болницата „Џемели“ во Рим за отстранување на мал јазол за кој самиот рече дека бил навремено забележан за време на неодамнешен рутински преглед.
„Операцијата беше завршена успешно, на време и според планот“, се наведува во краткото соопштение на Ватикан објавено доцна поладнево, во кое не се дадени дополнителни детали.
- „Ако е поради неговото здравје, секако дека мора да откаже, мора да направи пауза и да се одмори, бидејќи не смее да ризикува. Патувањето овде во Перу е многу исцрпувачко, а целата турнеја што ја има овде е… да не зборуваме за тоа дека на северот сонцето е пеколно,“ рече Хорхе Авила, верник.
- „Не знаев што се случило по неговата операција; дури утрово дознав дека ќе го оперираат, но секако дека е многу тажно да се слушне таа вест. Сè што можеме да направиме е да се молиме што поскоро да оздрави, бидејќи процесот на закрепнување е долг,“ рече Ирма Флорес, верник.
Според медицинските експерти, операцијата треба да помогне да се утврди дали израстокот е малиген и каков понатамошен третман е потребен. Во соопштението, Ватикан не прецизираше кои претреси биле спроведени на јазолот.
Ватикан изјави дека се очекува Папата да се опоравува во болницата околу една недела. Сите негови јавни настани се откажани до 20 октомври.












