Поројни дождови и бројни одрони ја погодија автриската покраина Тирол. Според метеорологот и климатолог, Андреас Јегер, тоа не се само повремени аномалии, туку нова реалност. Повеже од половина од мерните станици низ Австрија регистрираа рекордни горештини, пренесува Хојте.
„Ова веројатно ќе биде најстуденото лето во наредните 300 години“, предупреди Јегер во разговор за ТВ Тирол и додаде дека сегашното ниво на горештини, силни невремиња и екстремни временски услови нема да исчезнат.
„Климатските промени не се измама, тоа е листа физика“, вели тој.
Јегер посебно ги нагласува промените во снабдувањето со вода, како ограничувачки фактор, и во земјоделството. Недостигот од снег го гледа како пресуден проблем, бидејќи снегот исклучително ефикасно ги обновува подземните води.
Порачува дека и земјоделството ќе мора да се прилагоди. Како пример издвои покриеност на почвата низ текот на целата година, но и различни методи на обработка.
„Доживуваме навистина драматични климатски промени. Ќе мора целосно да ги промениме нашите навики. Ваквиот начин на земјоделство повеќе не е одржлив“, смета Јегер.
Тој го отфрла аргументот дека Европа не може да промени ништо, со оглед на емисиите на CO2 во САД и во Азија. Според него, Кина веќе прави многи и лидер е во енергетската транзиција. Јегер не нуди оптимистична прогноза.
„Во основа, сè уште не сме го достигнале врвот. Како општество на глобално ниво, сè уште не сме подготвени да забавиме. Додека не се случи тоа. ситуацијата само ќе се влошува“, нагласи Јегер.












