Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Оусм луѓе се повредени во руски воздушен напад во Киев

/

Свет

Сподели преку :

Осум лица се повредени во руски напад со беспилотно летало врз Киев во текот на ноќта, соопшти локалната полиција.

Беспилотно летало оштети деветкатница во областа Днипровски, предизвикувајќи пожар што се проширил од првиот до петтиот кат, наведе полицијата.

Маж (64) и жена (57) се здобиле со изгореници и се хоспитализирани, додека 23-годишна жена се здобила со повреда од шрапнел.

На уште пет лица им била укажана лекарска помош без потреба од хоспитализација.

Украинските сили неутрализирале 138 руски цели во текот на ноќта кон петокот, иако биле регистрирани напади на 19 локации, соопштија Воздухопловните сили.