Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Оштетени американски авиони во иранскиот напад врз база во Јордан

/

Свет

Сподели преку :

Неколку американски воени авиони биле оштетени во синоќешниот ирански напад врз воздухопловната база „Муафак Салти“ во Јордан, објави „Си-Би-Ес“. Според телевизијата, еден авион А-10 „Тандерболт“ бил сериозно погоден и останал без едно крило, додека околу осум авиони Ф-15 претрпеле полесни оштетувања.

Американските сили за време на нападот истрелале повеќе од 30 ракети од системите за противвоздушна одбрана „Патриот“. Засега нема информации за загинати американски војници во нападот.

Иранската Исламска револуционерна гарда соопшти дека извршила напади врз базите „Муафак Салти“ и „Принц Хасан“, кои ги користат американските сили. Јорданската армија соопшти дека нејзините системи пресретнале 18 ирански балистички ракети, додека две ракети паднале во ненаселени подрачја.