Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ормутскиот Теснец останува блокиран, расте загриженоста за светските енергетски пазари

/

Свет

Сподели преку :

Сообраќајот на бродови низ Ормутскиот Теснец и натаму е речиси целосно запрен, бидејќи петмесечниот конфликт меѓу САД и Иран продолжува без знаци за брзо решение. Во текот на денот двете земји повторно разменија ракетни напади, дополнително намалувајќи ги надежите за деескалација.

Затворањето на Ормутскиот Теснец, преку кој во мирновременски услови минуваат околу 20 проценти од светските испораки на нафта и природен гас, предизвикува сериозни нарушувања на глобалните енергетски пазари.

Повторното отворање на оваа стратешка поморска рута останува едно од главните прашања во дипломатските напори за прекин на конфликтот.

Mеѓувреме, тензиите се шират и во регионот. Саудиска Арабија ги обвини ирачките милиции за напади со дронови врз нејзината нафтена инфраструктура, додека јеменските Хути соопштија дека извеле одделни напади врз саудиски енергетски објекти и најавија блокада на саудискиот поморски сообраќај преку теснецот Баб ел-Мандеб, дополнително загрозувајќи ги трговските и енергетските рути на Блискиот Исток.