Во јуни годинава околу 395 лица починале како последица на горештините во Австрија. Земјата е зафатена од нов топлотен бран кој се очекува да трае уште неколку дена. Австриската агенција за здравје и безбедност на храната за првпат уште во текот на летото објави проценка за вишокот стапка на смртност поврзана со високите температури.
Според АГЕС, во јуни годинава околу 395 лица починале како последица на горештините, највисок регистриран број за месец јуни од почетокот на споредбените анализи во 2017 година, соопшти Министерството за здравство.

Досегашниот негативен рекорд за јуни беше во 2019 година, кога беа евидентирани 335 смртни случаи поврзани со топлотниот бран. Во јуни минатата година нивниот број изнесуваше 170, додека во јуни 2024 година беа забележани 201 случај. Податоците се базираат на научен статистички модел развиен од АГЕС.












