САД најавуваат дополнителен економски притисок врз Иран, додека тензиите околу Ормускиот Теснец продолжуваат да растат. Вчера биле нападнати два танкера на државната нафтена компанија на Обединетите Арапски Емирати, а властите во Абу Даби го обвинија Иран за нападите.
Транзитот низ теснецот, преку кој пред војната минувале повеќе од 130 бродови дневно, е речиси запрен.
Иранскиот парламент одобрил план со кој се забранува премин на бродови поврзани со САД, Израел и други „непријателски“ земји.
Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет изјави дека американската морнарица може на неопределено време да одржува блокада на Иран, додека министерот за финансии Скот Бесент најави нови, досега невидени економски мерки.
Продолжувањето на кризата предизвикува загриженост за глобалното снабдување со нафта и за економскиот раст.












