Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нови 2,9 милијарди евра економска поддршка од ЕУ за Украина

/

Свет

Сподели преку :

Украина доби нови 2,9 милијарди евра буџетска поддршка од Европската Унија (ЕУ) за одржување на нејзината државна администрација во услови на актуелната војна со Русија, објави агенцијата ДПА.

„Додека Украина се брани од руската агресија, таа продолжува да спроведува сеопфатни реформи. Со денешната исплата, ние помагаме во зачувувањето на финансиската стабилност на Украина и поддржуваме инвестиции што ќе го поткрепат нејзиното идно закрепнување“, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Минатата година, лидерите на ЕУ се согласија да ги поддржат буџетските и одбранбените потреби на Украина со вкупно 90 милијарди евра во 2026 и 2027 година.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски неодамна изјави дека и покрај меѓународната помош, Украина се соочува со нов финансиски јаз од 27 милијарди долари оваа година, што предизвика загриженост во Брисел.