Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Новата портпаролка на Белата куќа „издржа“ само една недела

/

Свет

Сподели преку :

Кејти Закарија издржа само една недела како портпарол на Белата куќа. Поранешната конзервативна политичка коментаторка беше именувана на функцијата минатиот петок, но по катастрофалното издание за време на нејзината прва пресконференција американските медиуми започнаа да се сомневаат во нејзината професионална квалификуваност за работата.

Американскиот претседател на почеток ја бранеше својата нова портпаролка, но по нејзиниот исто толку лош настап на Фокс, Трамп прво ѝ порача да размисли дали сака да продолжи како портпарол, за кратко потоа Белата куќа да соопшти дека Закарија се повлекува.

Плејадата портпароли на Белата куќа во двата мандати на Трамп покажуваат дека тоа е прилично неблагодарна работа кога станува збор за американскиот претседател. Трамп, како ниту еден негов претходни во Белата куќа претпочита сам да комуницира со медиумите, било преку социјалните мрежи, јужниот тревник од Белата куќа или од аеродромските писти пред или по официјални посети, за теми кои варираат од ирелевантни до клучни за американската јавност.